ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Некои си играат со здравјето на луѓето, мора да се знае што е закон

June 5, 2020 18:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Љупчо Николовски генералниот секретар на СДСМ, во своето видео обраќање на социјалните мрежи испрати смирувачки тонови за карантинот и полицискиот час, кои се повторно актуелни за заштита на здравјето.

„После долго време живеење со полициски час, пред извесно време добивме известување дека медицинските експерти препорачуваат олабавување на мерките. И сите бевме радосни. Таа радост гледаме дека за многу брзо време се претвори во разочарување. Со право. Потполно ги разбирам сите тие кои се нервозни заради овој нов полициски час кој ниту требаше да дојде, ниту некој го посакуваше. Прашањето е зошто се случи?“- праша Николовски.

Тој објасни дека постојат неодговорни луѓе кои не сакаат ред.

„Очигледно постојат делови од општеството и луѓе кои мислат дека сето ова е некаква шега. Дека може слободно да си играат со сопственото и туѓото здравје. Па сите имаме родители! Сите имаме мајки, роднини и блиски кои се во години. Нели им се стега срцето при помислата дека можеби ним нема да им е ама баш ништо, но дека нивен родител може животот да го загуби од овој исклучително проблематичен вирус? Очигледно има и такви луѓе. Е таквите треба да станат одговорни. Мора да има ред. Мора да се знае што се мерки, што е закон и тој закон да е еднаков за сите веќе еднаш.“- порача Николовски.

Во видео обраќањето Николовски поентираше со тоа дека секој граѓанин мора да е еднаков пред законите.

„Ни треба систем. Ни треба функционална држава! Систем кој е еднаков за сите, а не систем во кој за тие на врвот не важат закони, мерки, прописи… Зошто е обичниот човек помалку важен од нив? До кога со тоа изживување и искористување на моќта дадена токму од тој обичен човек?!“- говореше Николовски алудирајќи на однесувањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во последниот случај со седењето во кафана во дел забранет за гости.

„ Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се претставува како претендент за премиерска позиција. Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред!- беше главната поента во обраќањето на Николовски.

Next Post

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk