ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турбо генератори за лажни вести и говор на омразата: Фејсбук страницата „Следиме“

June 7, 2020 15:09
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На интернет медиумите и на социјалните мрежи беше упатено предупредување за Фејсбук страницата „Следиме“ за која се наведува дека е извор на манипулации и дезинформации. Според податоците што се споделени за оваа Фејсбук страница, се работи за извор на лажни вести и дезинформации. Фејсбук страницата беше подложена на детална анализа и од мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој неодамна започна со правење регистар на генератори на лажни вести и говор на омразата. Оваа Фејсбук страница е ставена во категоријата Турбо генератори на лажни вести и говор на омразата.

Се забележува дека во неколку медиуми се наведуваат примери за начинот на функционирање на Фејсбук страницата „Следиме“. Мониторингот на ЦИВИЛ бележи дека многу често, лажните вести, манипулативните содржини, потпалувачки објави и говор на омразата, прво се појавуваат на Фејсбук страници како оваа или од лични профили на Фејсбук. Најчесто се работи за лажни профили на Фејсбук и на Твитер, но не е ретка појавата и јавни личности и политичари да се впуштат во ширење на ваквите содржини.

Во овој извештај пренесуваме неколку примери што се издвоени и во други медиуми, а кои Фејсбук страницата „Следиме“ ги пласира, а дел од познатата медиумска групација, ги презема и мултиплицира во јавноста.

Еден од најновите примери на ширењето на лажни вести е објавувањето на стара фотографија од 2019 година, објавена на 4 јуни годинава, на која директорката на УЈП, Сања Лукаревска е на фризер. Преку „Следиме“, јавноста се манипулира дека тоа се случува сега, додека треба да биде во самоизолација.

ФБ страницата „Следиме“ со лажна вест чија мета е директорката на УЈП, Лукаревска. Стара фотографија од 2019 година, објавена на 4 јуни 2020, со намера да се манипулира јавноста дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.

Оваа вест ја споделуваат повеќе портали, страници профили на социјалните мрежи, кои постојано, подолго време наназад, учествуваат во оркестрирано и масовно ширење на дезинформации, дел од специјална хибридна војна на познати центри на моќ во земјава, но и надвор од неа, чија цел е нарушување на стабилноста и безбедноста на државата.

Дека ова не е првпат „Следиме“ да учествува во овие оркестрирани манипулации на јавноста, сведочат и други објави на оваа ФБ страница.

„Следиме“ ја објави дезинформацијата дека Грција воведува таргетирана забрана за влез кај нашите соседи за неколку општини од Северна Македонија на 3 јуни 2020 година.

Лажна вест на ФБ страницата „Следиме“, објавена на 3 јуни 2020.

На оваа ФБ страница се бележи голем број објави кои се очигледно тенденциозни и манипулативни. Дел од нив се лесно препознатливи лажни вести, а во еден дел се забележува манипулација чија цел е поттикнување меѓуетничка омраза, обиди за дискредитација, навреди и говор на омразата кон јавни личности или функционери, претежно од редовите на Социјалдемократскиот сојуз.

Од таквите содржини, издвојуваме уште две објави на оваа ФБ страница. На првата, објавена на 9 мај 2020 година, мета на едната е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Објавата на „Следиме“ чија мета е Заев претставува комбинација од говор на омраза и манипулација на јавноста.

Говор на омразата и манипулација. Мета: Зоран Заев. Објавено на 9 мај 2020 година.

Мета на „Следиме“ беше и министерот за здравство, Венко Филипче, на 12 мај 2020 година.

Лажни вести. Мета: Венко Филипче. Објавено на „Следиме“, на 12 мај 2020 година.

Јавноста често е жртва на лажните вести од лажните вести, манипулации и ширење на говорот на омразата. ЦИВИЛ веќе долго време ги следи овие појави и секојдневно објавува извештаи во кои ваквите содржини ги разобличува, а во својата комуникација со јавноста, ги повикува граѓанките и граѓаните да се спротивстават на ваквото штетно дејствување со пријавување и преиспитување на секоја содржина во медиумите и социјалните мрежи. Исто така, ЦИВИЛ континуирано ги повикува институциите да ги спречат и санкционираат центрите во кои се продуцираат и од кои се дистрибуираат овие содржини.

ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Заев: Околу 115 илјади граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk