Неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и на неговите кадри е очигледна и штетна за јавното здравје. Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде во текот на викендот масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо, пишува во соопштението на СДСМ.
„Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше и охрабруваше прекршување на забраните за движење и групирање.
Тоа придонесе прекршувањата на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, да станат многу побројни, што влијаеше и врз зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус.
Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.
За Чулев е најважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски наместо да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата. Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш“, пишува во партиското соопштение.