ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Активно работиме на реализација на мерките за поддршка на туризмот

На работниот состанок министерот Бектеши информирал дека подготвена е и Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани во висина од 50 отсто, а најмногу до 30.000 денари, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување.

June 9, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбите во туристичко – угостителскиот сектор, мерките кои Министерството за економија и Владата ги превзема за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, како и проблемите со кои се соочува овој сектор, беа теми на кои денеска разговараа министерот за економија Крешник Бектеши, претставници на туристичко-угостителскиот сектор и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ги информирал претставниците на туристичко-угостителските комори за реализацијата на донесените мерки за поддршка на секторот.

Бектеши посочил дека од почетокот на здравствено економската криза за поддршка на туристичко-угстителскиот сектор на предлог на Министерството за економија се донесени уредби, меѓу кои се Уредба со законска сила за издавање на ваучери за туристичките агенции, потоа Уредба за продолжување на рокот на решението за категоризација на угостителски објекти за време на траење на вонредната состојба, Уредба со законска сила за продолжување на рокот на траење на лиценцата за угостителските објекти кабаре, диско клуб и ноќен бар и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери од 6.000 денари за работници со ниски приходи и платежна картичка од 3.000 денари за домашен туризам.

На работниот состанок министерот Бектеши информирал дека подготвена е и Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани во висина од 50 отсто, а најмногу до 30.000 денари, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување кај физички лица и намалување на бројот на комисијата за категоризација од 13 на 5 члена со вклучување на член од приватниот сектор.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцирале дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на истите.

Дел од барањата на туристичко-угостителскиот сектор, какошто се наведува во соопштението, се отворање на авто-камповите и носење на протокол за работа на истите, отворање на плажите, како и ресторани за свадби и игротеки.

Министерот Бектеши на состанокот упатил порака до туристичко-угостителскиот сектор дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата. Потенцирал дека Министерството за економија и Владата континуирано ја следи состојбата во овој сектор и секоја активност ќе биде во насока на опоравување и помош на најпогодените гранки ва стопанството./МИА/

Next Post

Од историско значење e одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk