Како и досега така и во наредниот период Владата ги разгледува сите оние анализи кои што се потребни и ќе ги донесеме одлуките во наредните неколку денови пред истекување на оваа вонредна состојба, но по оние согледувања кои сега ги имаме исцпрени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, економските мерки се донесени и на денешната владина седница се донесоа неколку Уредби кои што беа од третиот пакет на мерки и со тоа основните причини зошто беше потребна таква оперативност на Владата и прогласување на вонредна состојба се да речеме исцрпени, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во онлајн гостувањето на ТВ24.
Во однос на етничките поделби, Царовска рече дека ја враќаат во едно минато време, а таа сака да гледа напред.
„Кога се зборува за етнички поделби јас навистина не сакам да навлегувам во такви дискусии затоа што некако ме води во минатото. Јас сакам да создаваме држава која што оди напред, која што се стреми кон развиените држави, кон државите кои се грижат за граѓаните, кои имаат високо квалитетно образование, да економијата оди напред и со тоа дава можност да секој создава дополнителна вредност во државата, држави кои што имаат здравствен систем кој се грижи подеднакво за сите и нуди високо квалитетни здравствени услуги…“, рече Царовска.