Јас тврдам дека ние како Влада покажавме успешно справување со Ковид од почетокот до денес. Тоа што одредени бројки се повисоки во овој период вчера имаше јасна прес – конференција на која што здравствената комисија и Министерството за здравство образложија зошто е тоа така и ние на најтранспарентен можен начин ги водиме процесите“, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во видео гостувањето на „Oтворено“ на Тв24.
„Она коешто го имавме како ниски бројки во моменти кога не тестиравме и асимптоматски случаи тоа е благодарение на тоа што навистина навремено се донесоа здравствените мерки и се стопираше ширењто на вирусот.
Ние апсолутно ги донесовме и економските мерки и тоа може да се види затоа што во период од три месеци имаме три сета на мерки од кои што првиот се имплементира е завршен, вториот исто така е во тек на имплементација и третиот веќе се искреира и се става во функција и на располагање се со цел да ја поттикне економијата.
Ако првите два беа да сите оние штети кои се направени се сведат на минимум третиот е веќе развоен и дава стимул и на домашната потрошувачка но и враќање на економијата и стимулирање на граѓаните да ги посетуваат домашните туристички локалитети се со цел оние кои што биле најоштетени во кризата сега да може да им вратиме и на овој начин освен што субвенциониравме плати, во дел субвенциониравме и придонеси кај оние што беа најпогодени добија бескаматни кредити кајшто имаше грејс период од шест месеци и сето тоа континуирано во комуникација и координација и со синдикатите и со стопанските комори и со организација на работодавачи се со цел да не пропуштиме нешто“, изјави Царовска.