ВОНРЕДНАТА состојба истекува во сабота на 14 јуни. Од тоа дали вонредната состојба ќе биде продолжена или не, ќе зависи и датумот за одржување на превремените парламентарни избори.
Во ТЕКОТ на изминатото деноноќие на територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.
ГРАД Скопје: Ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за електрични тротинети, аплицирањето за субвенции за велосипед е сѐ уште во тек, а според планираните средства останати се уште 50-на субвенции за купен велосипед.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев: Ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија, дури и во вонредни околности.
Во ПРИЛЕП денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.
„ВРБА“ на Милчо Манчевски е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 10. Филмски фестивал во Пекинг, каде ќе присуствува и режисерот.Фестивалот ќе се одржи кон крајот на август годинава, а заедно со Шангај, Бусан, Хонгконг и Токио е во петорката најголеми во Азија.
Во ПРЕСРЕТ на расправата во грчкиот Парламент и утрешното гласање на новиот закон од Министерството за образование, со кој не се согласуваат, синдикатите на просветните работници во Грција од утрово започнаа 24-часовен штрајк, јави дописничката на МИА од Атина.
А. Н. С.