ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вонредната состојба истекува в сабота, од евентуалното продолжување зависи и датумот за изборите

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

June 9, 2020 10:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вонредната состојба, четврта по ред, истекува во сабота на 14 јуни. Дали Владата ќе побара продолжување треба да се знае до петок. Од тоа дали вонредната сотојба ќе биде продолжена или не, како и од развојот на ширењето на коронавирусот, според вицепремиерот Бујар Османи, ќе зависи и датумот за одржување на превремените парламентарни избори.

-До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој повтори дека ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори.

-Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план. Важно е, велат од партијата, државата да се посвети и да ја надминеме корона кризата, која, како што посочуваат,  ескалира во енормни размери и во овој момент изборите треба да се во втор план.

Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска истакна дека засега нема иницијатива за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски во однос на прашањето за изборите.

– Тоа што сега е важно и загрижувачки е она што власта нема контрола, нема систем за застанување на патот на оваа пандемија и тоа е повеќе од очигледно и тоа е на голема жалост за сите нас. Во однос на идната (лидерска) средба доколку има иницијатива сметам дека ние благовремено ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме во однос на тоа прашање, додаде Василевска.

Ставот на СДСМ е дека се за избори на 5 јули, со цел државата да добие функционални институции, а со тоа и пое.фикансо справување со пандемијата.

Последната, четврта, одлука за 14-дневна вонредна состојба претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ја донесе на 30 мај.

Донесувањето на оваа одлука, рече, има за цел само да им овозможи на Владата и институциите ефикасно да се справуваат пред се со, како што рече, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од кононавирусот и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено. Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Next Post

Заев: И во вонредни услови, капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk