ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

САД се пред втор бран од коронавирусот

Во некои држави зголемувањето на бројот на инфекции го надминува зголемувањето на бројот на тестови  што предизвикува загриженост во врска со можноста за одржување на епидемијата под контрола, пренесува агенцијата Анадолија.

June 11, 2020 19:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред САД е вториот бран на случаи на коронавирусот , предупреди Ерик Тонер, експерт од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд.

-Во некои делови на земјата се појавува нов бран на коронавирусот. Бранот е мал, но тој полека доаѓа, им соопшти Тонер на новинарите.

Тонер посочи дека во некои држави зголемувањето на бројот на инфекции го надминува зголемувањето на бројот на тестови  што предизвикува загриженост во врска со можноста за одржување на епидемијата под контрола, пренесува агенцијата Анадолија.

Според него, ќе бидат потребни неколку недели за да се добие точен и прецизен увид во ситуацијата, додавајќи дека дотогаш може да биде „предоцна“ за соодветен одговор.

Џефри Морис, експерт од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија, изјави дека вториот бран на епидемијата на коронавирусот веќе се јавува во Аризона, Тексас, Флорида и Калифорнија.

Ленс Волер, професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Емори, верува дека вториот бран ќе биде доста поразличен од првиот.

САД остануваат земја со најголем број инфекции и најголем број смртни случаи предизвикани од коронавириусот.

Повеќе од 114.000 луѓе во САД досега умреа од ефектите на Ковид-19,  а бројот на заразените надмина два милиона.

Федералните држави, кои претходно воведоа рестриктивни мерки против ширењето на пандемијата, од 20 мај почнаа да укинуваат одредени ограничувања за стопанските субјекти и за движење на луѓето во јавниот простор.

Во последните денови, сепак, во многу делови од земјата е забележен  врвот на заразата. Во Тексас, на пример, вчера беше регистриран најголемиот дневен број на заразени од почетокот на пандемијата или вкупно 2.504 лица. Флорида неделава регистрира вкупно 8.553 случаи, најмногу досега за една недела. Исто така, од 13 мај значително е зголемен и бројот на хоспитализирани пациенти во Калифорнија./МИА/

Next Post

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk