Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, информира дека на веб страницата е објавен повик за пријавување за набљудување на изборната кампања на учесниците во предвремените парламентарни избори. Ќе се ангажираат 20 набљудувачи и тоа пет лица во Првата изборна единица, четири во 5 и 6 ИЕ, три во 2 изборна единица и две во 3 и 4 ИЕ.
Меѓу другото, осврнувајќи се на работата на ДКСК, Ивановска нагласи дека е подобрена соработка со меѓународните организации, иницијативи и асоцијации, со цел да се воспостави продлабочена соработка со партнерските институции во борбата против корупцијата пред се со ЈО, Финсисиската полиција, МВР, УЈП, Државниот завод за ревизија, ДИК, Управата за финансиско разузнавање.
Ивановска обрна внимание на два случаја на кои расправала ДКСК на денешната седница, предметот Матка и за судир на итереси во Општина Чешиново-Облешево.
„Не се уверивме дека јавниот обвинител ги презел целосно сите процесни дејствија, ниту ги оценил сите расположливи и прибавени податоци и информации кои го потврдуваат тврдењето за сериозни наводи дека градоначалникот на Општина Сарај заедно со другите службени лица од Општината свесно и намерно не преземале конкретни дејства и им овозможиле на поднесителите на барањата да ги користат платформите им овозможиле да стопанисуваат со истите и да остварат против правна корист за себе и за други“, изјави Ивановска.
И. Ежова
камера: Атанас Петровски