Фејсбук страната Сеир потсетува како Иванка Василевска и Богдан Илиевски – Бетмен, глумеа натпартиски активисти.
„Како Иванка Додовска (која си го смени презимето во Василевска) заедно со платеникот Бетмен глумеа „натпартиски“ граѓански активисти што „обединувале“. Сега како функционер на ВМРО-ДПМНЕ плука по граѓанските организации. Резил!“, пишуваат на ФБ страната Сеир.
Иванка Василевска е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на предвремени парламентарни избори во Изборна единица 3.
Јавноста ја памети Василевска како силен поддржувач на политиките на Груевски, но и од крвавите настани од 27 април по изјавата „Ова е најмирољубивиот насилен влез од страна на граѓани во историјата“, изјави Василевска во директниот пренос на ТВ Нова додека траеше насилниот упад Собранието.
Богдан Илиевски – Бетмен, е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во време на Никола Груевски. Тој заедно со Дамовски и Дурловски е еден од предводниците на движењето „За заедничка Македонија“, што резултираше со крвавиот 27 април и тепањето на пратениците во Собранието.
„Штабот на ВМРО-ДПМНЕ измисли протести „За заедничка Македонија“ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи. На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за париСе работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, рече во своето сведочење обвинетиот за крвавите настани од 27 април, Александар В. Нинџа.
Ј. Ѓ.