Министерот за здравство, Венко Филипче информира за последните измени со бројот на заразени од коровнавирус кај нас, состојбата со оздравени и починати пациенти.
Во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19. Скопје 90, Куманово 17, Штип 5, Прилеп, Тетово 45.
Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1.705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011, соопшти министерот за здравство, Филипче.