ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на вести во 09 часот: Последен ден вонредна состојба, нема договор за избори, излез од државата со изјава…

June 13, 2020 09:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
пасоѓ

СРЕДБАТА на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кај претседателот Пендаровски завршила без договор.

МИЦКОСКИ не спомнал ни З од здравство и здравствена криза на лидерската. Главна цел му била да предизвика што поголема збрка со правни прашања за кои законите и процедурите се јасни, брифираат  извори од СДСМ за Фронтлајн.

ФРОНТЛАЈН го контактираше докторот кој ја породи родилката позитивна на Ковид19 се тестираше и испадна позитивен на Ковид-19. Фронтлајн утврди дека се работи за навидум мала, но значајна грешка во обработката на информациите. Имено се работи за тест кој не е признаен и врз чија основа не може да се тврди дека некој е позитивен или не.

ВЕЧЕР завршува вонредната состојба, што беше воведена од страна на претседателот Стево Пендаровски заради состојбата со епидемијата во земјава.

По ПРЕСТАНУВАЊЕТО на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени.

ФИЗИЧКИТЕ лица кои дале согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година добиваат можност да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

За МАКЕДОНСКИ државјани, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

НА 117 компании со 3001 вработен досега им се одобрени средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а на 83 од нив веќе им се исплатени средствата.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи преку Фејсбук реагираше на веста на „Лајм“ во која се тврди дека ДУИ им платиле на навивачката група „Комити“ за вечерва да им го демолират билбордот кои сами го поставија спроти Владата.

МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска во посета на армискиот полигон Криволак, каде интензивно се вршат реконструкции и се создаваат поволни услови за негова употреба во полн капацитет со пробивање нови патишта до полигонот.

ЕВРОАМБАСАДСОРОТ Самуел Жбогар: Прашање на денови е кога Европската Комисија ќе ја предложи преговарачката рамка што ќе биде исчекор во следната фаза на нашите преговори со земава.

Во ПЕКИНГ под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на Ковид-19 на пазар, соопштија денеска кинеските власти.

ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

А. Н. С.

Next Post

По 25 години, реобјавен прирачникот за правоговор на деца и возрасни

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk