АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА/