Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев не почитува мерки за заштита од ширење на Ковид-19. На социјалните мрежи се појави фотографија на која тој е фотографиран во теретана, исто како и лидерот на неговата партија Христијан Мицкоски, за кого има и истрага.
Рецепционерот Таљат на својот Твитер налог напиша: Генералниот секретар на ВМРО не почитува мерки. По примерот на шефот Мицкоски оди во теретана и се спрема за летна олимпијада. Многу сакам кога ќе излезе на прес да зборува за почитување на меркките и дека власта е крива“.
Фотографијата ја објавил неговиот сопартиец Ивица Томовски кој исто така е на фотографијата.