ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потврдени 162 нови случаи со Ковид-19, починати 9, оздравени пет пациенти

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

June 14, 2020 16:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14. Институтот за јавно здравје денеска регистрира пет оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.
Починати се девет лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62 г.), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 г.), хоспитализиран пред три дена. Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациент од Скопје (69 г.) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 г.) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 г.) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на возраст од 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 г.), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 г.) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 г.) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан постмортем.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 1.858, активни 1.210
•       Куманово 640, активни 221
•       Дебар 61, активни 10
•       Штип 238, активни 196
•       Прилеп 228, активни 20
•       Тетово 413, активни 239
•       Струга 127, активни 49
•       Велес 150, активни 27
•       Битола 33, активни 6
•       Охрид 69, активни 51
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 66, активни 41
•       Гевгелија 8, активни 4
•       Струмица 8, активни 5
•       Крива Паланка 10, активни 4
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 54, активни 23
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 4, активни 3
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 9, активни 8
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 19, активни 18
•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111.  До овој момент, како што се посочува, лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“ не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Next Post

Деркоски: Не планирам да свикам седница на ДИК без решение за нов датум за избори од претседателот на Собранието

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk