15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме“, соопшти лидерот нз СДСМ, Зоран Заев.
„За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули.
Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност“, посочи тој.