ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневна состојба со Ковид-19 во светот

June 15, 2020 19:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот, со коронавирус досега се заразени 8.054,599 лица. Од нив починале 436.799, а оздравеле 4.155,506 луѓе.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти дека се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 и вкупно 985 од почетокот на епидемијата.

-Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција во изминатите 24 часа се регистриран е еден смртен случај и 13 нови позитивни лица на Ковид-19. Вкупниот број на починати се зголеми на 184 лица, а заразени се 3.134 лица.

– Се зголемува бројот на новозразени со Ковид-19 во Албанија. Во последното деноноќие потврдени се 69 нови случаи,што е најголема бројка до сега. Од новите случаи дури 28 се во Тирана и 16 во северниот град Скадар. Вкупната бројка на заразени се искачи на 1.590, од нив оздравени се 1.055, починати 36, додека активни на болеста се 499 лица. Болнички се лекуваат 50 пациенти, од нив седум се на интензивна терапија додека еден е поставен на респираторна машина. Просечната возраст на хоспитализираните е 60 години а од вкупната бројка дури 60 отсто се од Тирана. Со последно направените 319, во оваа земја направени се 20.813 тестови. Според Еугена Томини од Институтот за јавно здравје во текот на целата измината недела бројот на новозаразени бележи раст како последица на негрижата и непочитување на препораките за заштита од страна на здратствените власти. Од понеделникот минатата недела постојано се зголемува и бројот на хоспитализираните лица

– Во изминатите 24 часа 113 лица починаа од коронавирус во Иран, така што вкупниот број на смртни случаи е 8.950. Потврдени се уште 2.449 случаи на заразени со што вкупниот број заразени изнесува 189.876. Иран е на деветто место  во светот по бројот на заразени со вирусот.

– Во изминатите 24 часа се потврдени 8.246 нови случаи на Ковид-19 во Русија, што е најниско од 1 мај, соопшти денеска кризниот штаб. Во Русија се заразени вкупно 537.210 луѓе. Русија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил. Починаа за 24 ачса 143 лица така што вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во Русија е 7.091. Оздравеле 4.489 пациенти така што бројот на закрепени достигнал 284.539, што е 53 проценти од сите заразени.

– Бројот на заразени со вирусот во Чешка се искачи на повеќе од 10.000, соопшти денеска Министерството за здравство. Државата, која има население од 10,7 милиони, потврди 10.024 случаи на корона до недела, 320 смртни случаи и 7.226 се опоравуваат. Дневно заболуваат 31 до 74 луѓе.

– Во Јапонија се потврдени 62 нови случаи на коронавирусот и нема нови смртни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени во Јапонија сега е 18.221. Од коронавирус починале 938 луѓе. Во главниот град Токио, во неделата беа пријавени 47 нови инфекции, што е највисоко од 5 мај.

– Во Бразил се потврдени 17.110 нови случаи на заболени со коронавирусот, така што вкупниот број заразени лица во таа земја е 867.624. Има 612 смртни случаи така што вкупниот број на смртни случаи е 43.332. Бразил се најде на второто место во светот, по САД по бројот на заразени и умираат од вирусот на корона. Бразил е една од ретките големи земји каде што бројот на заразени и починати од коронавирусот продолжува да расте и најтешко е погодена од пандемијата од сите земји од Јужна Америка.

– Повеќе од 50.000 случаи на коронавирус се потврдени во Колумбија, додека соседниот Еквадор се приближува до тој брот. Колумбија објави 50.939 случаи на коронавирус, а од инфекцијата починале 1.667 луѓе. Има повеќе од 46.700 луѓе заразени во Еквадор, а 3.896 луѓе починале. Градоначалникот на Богота, Клаудија Лопез, вќера објави дека според новите ограничувања, граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови само за да одат на шопинг или во банка, во одредени денови, според нивните броеви на личните карти.

– Мексико се приближува до бројот на 150.000 заразени со вирусот. Мексиканското Министерство за здравство објави дека во оваа земја се потврдени уште 4.147 случаи на коронавирус и дека од инфекцијата починале уште 269 лица. Така, вкупниот број заразени лица во таа земја достигна 146.837, а вкупно починале 17,141 лица.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Германија е зголемен за 192 на 186.461, според денешните податоци на Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Уште четири лица починаа од коронавирусот, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.791

– Во Косово вчера беа извршени 265 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, при што се регистрирани 49 новозаразени. Во истиот период се потврдени 25 излекувани, а нема ниеден нов случај на починат. Вклучително вчерашните официјални податоци, од појавата на епидемијата во Косово досега се евидентирани 1.485 заразени, од кои излекувани се 953 лица, додека починаа 33 носители на вирусот, сите заболени и од други хронични и тешки болести. Активни случаи на заразени, според последните статистики, има 525. Според информациите од Институтот за јавно здравство на Косово, заклучно со вчерашниот ден, во неговата лабораторија за микробиологија се извршени вкупно 18.512 тестирања./МИА/

Next Post

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз го поздрави договорот за избори на 15 јули

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk