ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Елерајт: Договорот од Преспа во својата суштина го отвори патот кон посветла иднина за земјата

Генерално, критериумите се дека тие треба да бидат личности или организации што ги негувале заедничките вредности кои придонеле за зајакнување на човековите права во контекст на тоа кое што го работат со тоа што се занимаваат. Значи, тоа се активисти, политичари, понекогаш се НВО што ја добиваат оваа награда, вели Елерајт.

June 17, 2020 20:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод доделувањето на наградата за човекови права на Зоран Заев од  Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг, ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорката на фондацијата за Северна Македонија Ева Елерајт.

Наградата за човекови права на Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг, им беше доделена на лица, но и на организации во минатото. И секоја година избираме број на номинирани од целиот свет, кандидати за оваа награда. Првиот избор на номинирани лица  минува низ нашата канцелариска инфраструктура низ целиот свет, така што секој може да сугерира личности и секако, честопати тие се луѓе кои веќе го привлекле вниманието на другите активисти на глобално ниво, но понекогаш не се така познати групи или организации што би сакале да ги промовираме преку оваа награда.

Но, генерално, критериумите се дека тие треба да бидат личности или организации што ги негувале заедничките вредности кои придонеле за зајакнување на човековите права во контекст на тоа кое што го работат со тоа што се занимаваат. Значи, тоа се активисти, политичари, понекогаш се НВО што ја добиваат оваа награда, вели Елерајт.

Го избравме господинот Заев затоа што тој направи огромна работа во негување на човековите права во зајакнувањето на правдата во земјата во подготвувањето на патот кон подобар систем на владеење на правото за целата земја, за сите граѓани на земјата. И не е случајно тоа што ова го најавуваме на втората годишнина од договорот од Преспа, затоа што договорот од Преспа во својата суштина го отвори патот кон посветла иднина за земјата и исто така за сите граѓани и владеење на правото, со перспектива за започнување разговор за пристапување во ЕУ.

Во суштина, има многу работи што придонесоа за тоа, сигурна сум, но ние сакавме да ја истакнеме неговата посебна улога, таа храбра улога во тоа. Поради тоа, се разбира беше многу тежок компромис и беше резултат на неговата храброст за да всушност се финализира. Но, не е само договорот од Преспа, туку е и неговата работа како опозициски лидер, на начинот на кој тој објави важни информации дека е клучно да се донесе промена во земјата во минатото. Значи, не е само за времето кога беше премиер, туку тоа е негово целокупно достигнување во многу години што работеше како јавна личност во оваа земја во политиката, и е ангажиран во навистина подобрување на состојбата за граѓаните во Северна Македонија и подобрување на нивното право на нивните граѓански права и човекови права, заклучува Елерајт.

разговорот го водеше Ариан Мехмети

Next Post

Голема акција на Град Скопје за уредување на северната страна на кејот на Вардар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk