ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Раст на девизните резерви, умерено подобрени трендови на девизниот пазар

June 17, 2020 12:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нивото на девизните резерви се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје, главно се во согласност со очекувањата. Во текот на овој месец, девизните резерви забележаа значаен раст од околу 600 милиони евра, сооопшти Народната банка по редовната седница на Комитетот за оперативна политика.

Податоците од надворешниот сектор за второто тримесечје се ограничени, но, посочува централната банка, од расположливите податоци се согледува поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на коронавирусот, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал.

-Последните информации од надворешно-трговската размена за април  годинава упатуваат на можност трговскиот дефицит да биде во согласност со очекувањата според проекцијата, иако периодот од еден месец е краток за донесување посигурни констатации во овој домен. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со мај, засега укажуваат на можност нето-приливите од приватните трансфери да бидат пониски од очекуваните за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од оваа година упатуваат на дефицит во тековната сметка, којшто е во согласност со априлската проекција, а поголеми отстапувања во однос на проекцијата не се забележани ниту во финансиската сметка, стои во соопштението од Народната банка.

Оттаму информираат дека во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината.

Во изминатиот период, ликвидносната состојба на банкарскиот систем се задржа на релативно солидно ниво, што се потврдува и со ниската потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Дополнително, показателите за домашните финансиски пазари за мај упатуваат на умерено подобрени трендови на девизниот пазар, што може да упатува на постепено стабилизирање на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Во такви околности, во мај, Народната банка беше присутна на девизниот пазар со умерено пониски интервенции за продажба на девизи на месечна основа, од вкупно 53,7 милиони евра. 

Во текот на минатиот месец, склоноста за преземање ризик од страна на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари се зголеми, што упатува на одредено враќање на оптимизмот. Имено, во многу странски економии, повторно беа отворени компаниите од повеќе дејности, а на глобално ниво е присутна и натамошна поддршка од страна на носителите на монетарните и фискалните политики. Следствено, беше забележан и нагорен тренд на берзанските индекси, зголемување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и стабилизирање на приносите на државните хартии од вредност издадени од САД.

На седницата на Комитетот е заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена на Народната банка. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни и изразени, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија, што влијае и на променливост во очекувањата.

 

 

 

 

 

Next Post

До крајот на неделава милион заразени со коронавирусот во Бразил

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk