Министерката на одбрана, Радмила Шекеринска денес и утре ќе биде дел од дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на кој, како што самата најави, ќе станува збор за мисиите на НАТО и справување со коронакризата.
На дводневниот министерски состанок на НАТО со колегите од сојузничките држави ги анализираме глобалните предизвици.
Алијансата ја гарантира безбедностa и стабилноста на своите земји членки. Денеска се фокусиравме на безбедносните прашања, на НАТО мисиите и операциите.
На утрешната сесија на НАТО ќе го разработиме планот на НАТО за уште поефикасна сојузничка реакција на Ковид-19. Заедно ќе се избориме со глобалната пандемија. Ние сме НАТО, стои во пост на Фејсбук на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.