ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Наша света должност е да го зачуваме нашиот идентитет. Не само што го зачувавме, туку го потврдивме и зајакнавме

Сѐ додека постојат Македонци кои чекорат по оваа наша земја и по други земји од светот, ќе постои македонскиот јазик. Сѐ додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, стои во постот на Фејсбук на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

June 17, 2020 20:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес од преспанското село Љубојно соопшти дека училиштето „Димитар Влахов“ во тоа село било едно од првите каде наставен јазик бил македонскиот ќе биде обновено по цели 76 години и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик.

Kако што бев горд минатата година, кога ја предводев Владата на Република Северна Македонија што го востанови 5 мај како Ден на македонскиот јазик, така бев горд и денес на прекрасниот настан во Љубојно, како поддржувач на иницијативата за основање на Центар за промоција на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.

Сѐ додека постојат Македонци кои чекорат по оваа наша земја и по други земји од светот, ќе постои македонскиот јазик. Сѐ додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците.

Македонскиот јазик, тоа е мојот јазик, јазикот со кој сум растел и сум се школувал, јазикот со кој ќе продолжам да живеам. Тоа е јазикот на моите родители, јазикот на мојата мајка, која како учителка на тој јазик образувала и воспитувала генерации и генерации ученици. Тоа е јазикот на моите деца, на сите македонски деца, на нивните мајки и татковци, на нивните баби и дедовци, без разлика дали живеат во својата татковина или на кој било дел од светските меридијани. Тоа е јазикот на кој се напишани личните документи, свидетелства и дипломи.

Наша одговорност и света должност беше да го зачуваме нашиот идентитет. И не само што го зачувавме, туку го потврдивме и зајакнавме.

Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа, напиша Заев во пост на Фејсбук.

А. Н. С.

Next Post

Над 8,3 милиони заразени со коронавирус ширум светот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk