Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 1.348 тестирања, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.
СОТИРОВА БУХОВА: Големите кластери се „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ и на нив присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе, за што, како што посочи, како Инспекторат не можат да поверуваат дека не биле забележани и не интервенирало МВР.
ЗАВРШЕН е Инспекцискиот надзор поврзан со родилката – лекарка која што се породи на Гинеколошко – акушерската клиника, а која криела контакти. Понатаму тој преминува во надлежност на МВР, истакна денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.
На ДЕНЕШНАТА прес конференција, заедно со министерот за образование Арбер Адеми, министерот Манчевски ги промовира ваучерите за финансиска помош за дигитални обуки за лица до 29 години, како дел од третиот сет мерки на Владата.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев во пост на Фејсбук сподели информација за досегашниот напредок со инвестициите во градинките низ земјата. Тој напомена дека инвестирано е во 44 градинки досега, со што се создаваат поквалитетни услови за сместување на над 3.000 деца од предучилишна возраст.
МИНИСТЕРОТ за образование, Адеми ги претстави трите уредби донесени од Владата, со кои се предвидува финансинска помош на лица од 16 до 29 години во форма на ваучери за подобрување на студентскиот и ученичкиот стандард и јакнење на куповната моќ на овие групи граѓани.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Како се финансира ВМРО-ДПМНЕ?
МОЗАИК: Интервју со Насер Хруни: На децата секогаш им велам дружете се, не го трошете талентот со тепање по автобуси.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски направи увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, Oпштина Кисела Вода.
ПРЕТСТАВНИЦИ на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
МИНИСТЕРСТВОТО за земјоделство, шумарство и водостопанство со 1,5 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе ги заштити називите на домашните земјоделски производи и традиционалните специјалитети.
А. Н. С.