ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Адеми: Ваучери за помош за партиципации за факултети и за студентско сместување

Средствата ќе бидат префрлени на домашната картичка, а доколку корисникот нема таква, истата ќе му биде издадена, вели министерот Адеми.

June 18, 2020 13:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите Манчевски и Адеми на прес конференција од медиа центарот во Владата промовираа уште еден дел од третиот пакет економски мерки за поттикнување на финансиската стабилност во земјата вклучувајќи ваучери за лица до 29 години со завршено најмалку средно образование. Ваучерите се со цел подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и јакнење на нивната куповна моќ.

Министерот за образование, Адеми најпрво ги претстави трите уредби донесени од Владата, со кои се предвидува финансинска помош на лица од 16 до 29 години во форма на ваучери за подобрување на студентскиот и ученичкиот стандард и јакнење на куповната моќ на овие групи граѓани.

Првата уреба предвидува средства за помош при набавка на училишен прибор за средношколци кои се од семејства со ниски приходи. Условите ги опфаќаат сите средношколци кои припаѓаат на семејства чии примања не надминале 14.500 денари за месец март 2020 година. Ваучерот за училишен прибор е во износ од 3.000 денари.

Пријавувањето за ваквата помош може да се направи на страната www.digitalizirajse.mon.gov.mk откако платформата ќе биде активирана, за што министерството дополнително ќе информира.

Средствата ќе бидат префрлени на домашната картичка, а доколку корисникот нема таква, истата ќе му биде издадена, вели министерот Адеми.

Втората уредба се однесува на студенти кои се од поранливи социјални категории, а помошта ќе вклучува покривање на дел од партиципацијата за високо образование, но и за сместување во студентски дом или приватно закупен простор. Паричниот надомест за оваа цел е во износ од 6.000 денари, а услов е студентот да е запишан како редовен на некоја од високообразовните институции во државата, и да е член на домаќинство со примања не поголеми од просечната плата во државата, по сите основи.

Министерот нагласи дека средствата можат да се искористат само за една од наведените опции. Средствата за партиципација се уплаќаат директно на образовната установа, а помошта за закуп ќе биде префрлена на давателот на услугата доколку има потребна документација за закупот, заверена на нотар.

На истата платформа (www.digitalizirajse.mon.gov.mk) за пријавување на средношколците за помош ќе можат да се пријават и студентите, во рок од 1 до 10 октомври 2020.

Со третата уредба од Владата се предвидува помош во форма на кофинансирање за обуки за ИКТ вештини за подобрување на конкурентноста на барателите на работа на пазарот на трудот, за што поопширно објасни министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Министерот Адеми на крајот од своето обраќање ги повика сите да аплицираат за мерките и помошта која им следува и да не ги испуштаат можностите кои им се нудат.

А. Н. С.

 

 

 

 

Next Post

Потпишан Кодекс за фер и демократски избори

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk