ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерот Димковски: Финансиска поддршка за брендирање на домашните производи и традицонални специјалитети

Ќе овозможиме многу наши домашни земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети конечно да добијат „Заштитена ознака за потекло“, „Заштитена географска ознака“ или ознака за „Гарантиран традиционален специјалитет“, вели Димковски.

June 18, 2020 14:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 1,5 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе ги заштити називите на домашните земјоделски производи и традиционалните специјалитети.

Ресорниот министер Трајан Димковски кој  беше во работна посета на Охрид, истакна дека од денеска е објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“.

– Максималниот износ за техничката поддршка изнесува 80 отсто од вредноста на трошоците за изработка на елаборат односно спецификација на производот, лабораториски анализи, истражување на пазар и трошоци за контрола и верификација за соодветноста на елаборатот односно спецификацијата со производот, но не повеќе од 300 илјади денари, рече Димковски.

Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката поддршка се група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав.

– Ги повикувам сите субјекти кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик кој ќе трае во наредните 45 дена. Се надевам дека заеднички ќе успееме да го направиме првиот чекор и ќе го надминеме досегашниот проблем кој главно се однесуваше на изработката на елаборатите. На тој начин ќе овозможиме многу наши домашни земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети конечно да добијат „Заштитена ознака за потекло“, „Заштитена географска ознака“ или ознака за „Гарантиран традиционален специјалитет“, рече тој.

Инаку Димковски беше во атарот на село Косел, што е меѓу неколкуте од Охридскиот регион каде се каде се одгледуваат надалеку познатите Охридски цреши.

Поводот за посетата беше токму фактот што во последните три години забележано е постојано зголемување на површините со црешови насади за 23 отсто, како и континуриано зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, за 30 проценти.

Во регионот се произведува домашната сорта „Охридска цреша“ која од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака./МИА/ 

Next Post

Сотирова Бухова: Заврши инспекцискиот надзор за случајот со родилката – лекарка, постапката преминува во надлежност на МВР

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk