Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК денеска поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи (МВР) против непознат сторител, за фалсификување на логото на редакцијата и ширење лажни вести, пишува на нивниот портал.
„Вчера, со лажна вест е фалсификувано логото на САКАМДАКАЖАМ.МК и се шири на социјалните мрежи твит од еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ со наслов што не постои на нашата платформа“ пишуваат од СДК.
Кривичната пријава е поднесена против против НН лице корисник/сопственик на твитер профил со назив: @realLOshGZE, поради сторено кривично дело согласно Член 205 став 5 од Кривичниот законик кој вели: „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“.