СПАСОВСКИ: Најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, СДСМ ќе почитува строги протоколи.
МАЈКАТА на Христијан Мицкоски позитивна на коронавирус, тој тврди дека немал контакт со неа.
МАКЕДОНСКАТА почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме, пишува на ФБ лидерот на СДСМ Заев.
МИНИСТЕРКАТА за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со уште 10 министри за одбрана од земјите – членки на Алијансата потпишаа Писмо за намери со што ја промовираа мултинационалната иницијатива за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа.
МИНИСТЕРКАТА за финансии Нина Ангеловска:
- Намалувањето на парите за партиите беше на предлог на Министерството за правда.
- На „Отворени финансии“ ќе се следат сите исплати на општините и нивните буџетски институции.
СПАСОВСКИ: Проектот за наводнување на јужната долина на Вардар значаен за развој на земјоделството.
МАНЧЕВСКИ: Граѓаните на Охрид наскоро ќе имаат брз, лесен пристап до најразлични услуги од повеќе државни институции, преку Центарот за „Една точка за услуги“ што ќе биде отворен на самиот влез во општинската зграда.
НА скопскиот кеј се одржа трка на 10 километри со специјален протокол
ЦРНА Гора повторно ја затвора копнената граница со Албанија, поради зголемениот број на новозаразени со Ковид -19, соопшти албанското Министерство за Европа и надворешни работи.
ВЛАДАТА на австриската провинција Салцбург ќе мора да биде тестирана за коронавирусот, откако се утврди дека неколкумина вработени се .позитивни на Ковид-19.
МЛАДАТА уметница Симона Манчева се пласира во финале за светска награда на тема „Баналноста на Злото“. Вака одлучило жирито со членови од различни делови на светот, како и куратори.