ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, СДСМ ќе почитува строги протоколи

June 20, 2020 12:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– И во време на сериозна здравствена криза и пандемија, јасна е разликата меѓу одговорниот, транспарентен и чесен пристап на СДСМ и незрелиот, неодговорен и политикантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, вели Оливер Спасовски во денешното соопштение за јавноста.

Тој истакнува дека додека СДСМ во целост ги почитува мерките и задолженијата, дејствува строго по утврдените протоколи, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно ги крши мерките и задолженијата и ги прекршува забраните за јавни собири.

Спасовски нагласува дека за претстојната кампања веќе е изготвен протокол по кој ќе се одвиваат сите предизборни и партиски активности на СДСМ.

„Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

Заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања која ќе биде без настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика; без настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика; без митинзи и без активности од „врата до врата“.

И додека СДСМ функционира исклучиво во заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ги крши сите протоколи и мерки за заштита со што здравјето на граѓаните го доведува во опасност.

Последен пример е партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, не се држеше дистанца, а маски ретко кој и да носеше.

Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи, а за сето тоа време неговиот Наќе Чулев не реагираше ниту еднаш.

Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните.

Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Затоа, ве повикувам секој еден од нас да биде дел од решението со коронавирусот и да ги почитува мерките за заштита.

Да го чуваме здравјето и на 15 јули да победиме и да ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, како што ни доликува.“, потенцира Спасовски.

Next Post

Прес-конференција на министерката за финансии Нина Ангеловска (во живо)

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk