ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните на Охрид на едно место ќе можат да добијат информации и услуги од државните институции

June 20, 2020 13:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Охрид наскоро ќе имаат брз, лесен пристап до најразлични услуги од повеќе државни институции, преку Центарот за „Една точка за услуги“ што ќе биде отворен на самиот влез во општинската зграда.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој денеска во Охрид изврши увид на просторот што Општина Охрид го отстапува за канцеларијата „Една точка за услуги“, ја искористи приликата да појасни дека се работи за нов концепт во работата на државната администрација, со нова функционалност, место каде граѓаните ќе можат на современ начин без шалтери и чекање да добиват услуги на едно место од повеќе институции.

– Оваа канцеларија ќе служи и како регистрациски пункт каде граѓаните ќе можат да сее регистрираат за користење на електронски услуги, но и да добијат информации како да ги користат истите. Иновативното во овој концепт е тоа што покрај тоа што нема класични шалтери, се воведува нов систем на чекање преку кој системот алармира доколку граѓанинот не бил услужен за десет минути. Тоа значи нов однос на институциите кон граѓаните, рече тој.

Центрите за „Една точка за услуги“ се првиот контакт на граѓаните со институциите на државата и оттаму тие се осмислени да бидат што попристапни за сите.

Доколку се има предвид новонастанатата ситуација наметната од епидемијата на коронавирусот се апелира до граѓаните на што помасовно користење на електронските услуги, за да се избегнат гужви на шалтерите.

Инаку, преку системот за електронски услуги на граѓаните преку интернет страницата uslugi.gov.mk во овој момент им се достапни 136 електронски услуги.

– Веќе од следниот месец ќе има и електронски упис на дете во градинка, електронски упис во училишта, разни дозволи потребни и на граѓаните, но и на правните субјекти. Овие центри се отвараат за оние луѓе кои не можат да се снајдат со електронските услуги,така што на најлесен начин ќе имаат брз, лесен пристап до услуги без да треба да шетаат по различни шалтери, рече Манчевски.

Според плановите на проектантот, услугите на Центарот „Една точка за услуги“ на охриѓани ќе им бидат достапни најдоцна за месец и половина.

Next Post

Спасовски: Проектот за наводнување на јужната долина на Вардар значаен за развој на земјоделството

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk