Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на тема здравствената криза се виде на денот кога се договоривме за избори, тогаш паднаа во вода сите приказни дека секирацијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека здравјето на граѓаните било загрозено, од тогаш досега не чувме ниту „3“ од здравје и нека им служи на чест, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз, 3 години ништо не им понуди на граѓаните.
„Граѓаните можат да простат грешка, ако долго паметат можат да заборават 11 изгубени години, но во ситуација кога мислат на здравјето, ВМРО-ДПМНЕ единствено да мисли само на политика и партиски интерес, како да се спаси од криминалот и да продолжи да го тера – тоа не го простуваат. Сите проблеми што ги наследивме од 11 години, не успеавме да ги решиме за 3 години, не ги би решил ни еден супермен, истакна Шекеринска, додавајќи дека ќе продолжиме да ги решаваме со иста брзина, решителност и храброст.
Ќе беше многу повеќе изградено ако не ВМРО-ДПМНЕ не потрошеше 700 милиони евра на проектот Скопје 2014, потенцираше Шекеринска.