Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, како дел од Владината делегација која беше денес во посета на Крива Паланка, ги истакна досегашните реформи во предучилишното образование, од зголемени плати за мотивиран кадар до изградба на градинки како таа во Крива Паланка.
Квалитетно предучилишно образование подразбира и мотивиран, стручен кадар и затоа со реформите направивме историско зголемување на платите на воспитувачките за 27% или во просек околу 5.800 денари нето износ. Крива Паланка со изградбата на новата градинка добива дополнителен капацитет за уште 100 деца. Продолжуваме силно да инвестираме во раниот детски развој, напиша на Фејсбук дополнителната заменик министерка Шкријељ.
А. Н. С.