ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алатка за анонимно пријавување притисоци во предизборниот период во јавниот сектор

Како што рече Манчевски, МИОA се обврзува дека сите пристигнати пријави ќе ги проследи до надлежните органи за понатамошно постапување.

June 23, 2020 12:28
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во јавниот сектор од денеска ќе може да пријавуваат притисоци во предизборен период на алатка која е поставена на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски апелира до вработените во јавниот сектор да ја користат алатката  и да пријават евентуален притисок.

Целта, потенцираше Манчевски, е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори. Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели исвоите лични податоци  тие ќе бидат заштитени согласно Законот  за заштита на личните податоци  и за тоа веќе се преземени соодветни технички  и организациски мерки.

-Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба во јавниот сектор нема и нема да има и за време на оваа кампања како и за кампањите  за сите изборни процеси во изминатите три години вработените во јавниот сектор ќе можат на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок  во контекс на изборниот процес, рече на прес-конференција министерот Манчевски, потенцирајќи дека ја промовираат алатката на меѓународниот ден на јавниот сектор.

Како што рече Манчевски, МИОA се обврзува дека сите пристигнати пријави ќе ги проследи до надлежните органи  за понатамошно постапување. За тоа веќе организиравле и координативни состаноци  со Државната комисија за спречување на корупција, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување,  како и сите други надлежни институции  коишто можат да бидат доведени во овој контекст.

На претходните изборини процеси и референдумот преку ваквата алатка имало најмногу 10 пријави, повеќе од половина од нив биле несоодветни, а сите што требало биле препратени во соодветната институција, рече во одговор на новинарско прашање Манчевски.

Тој потсети и дека со механизмите што ги презема МИОА за целосна професионализација на јавниот сектор е изготвениот закон  за високата раководна служба, којшто не е во сила заради  моментално нефункционалното Собрание. Законот, појасни, предвидува транспарентен  и професионален избор, високи стандарди  и  критеируми за раководните позиции  и претставува прв голем исчекор  во деполитизација  на јавниот сектор.

-Дополнително ја менуваме и културата на работење и после долго време овие три години јавниот сектор конечно работи согласно описот на своите работни задачи без притисоци и без да биде служба на некој друг, односно заробената држава е веќе минато, рече Манчевски./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Продолжен рокот за операторите за пререгистрација на програмите што ги реемитуваат

НАЈНОВО

Скриншот

Дождот ги разубавува улиците на Сеул со скриени уметнички мурали

October 7, 2025

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk