пишува: РИБАРО
Владата на инситирање на Чулев и со силна поддршка на Османи, на денешната седница не успеа да одолее на притисоците и дозволи од петок да се отворат сите теретани и вежбални во Македонија.
Како што јавува дописникот на АХА од владата, оваа одлука на изненадување, дошла на предлог на Бујар Османи, а нескриена поддршка имал од Чулев.
Во владината сала после носењето на овааа одлука настанал општ хаос и брзање кој попрво (Чулев или Османи) да му ја соопшти оваа радосна вест на Мицкоски, но како што јавува нашиот репортер, сепак Чулев звани Брзи прсти, успеал прв да му се додвори на Мицко.
– Шефе, успеавме, нема веќе поткрадување, лански снимки и отсјај наместо ракавици, од петок се отвораат теретаните за сите! – извикал на изненадување на присутните Чулев, соопштуваќи му ја радосната вест на својот ментор.
– Наќе несреќо, тоа е огромен успех, доаѓај пред седиштето, веќе виеме оро, Ајде брзај, може да ни е последно партиско оро според тоа како се одвиваат работиве. – му сугерирал Мицко на Чулев.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK