ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Северна Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуроимаж ја има надлежноста врз ваквите проекти, но и за истите ќе овозможи споделување на најдобрите практики со цел полесно заокружување на ваков тип на соработки.

June 23, 2020 11:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, во која покрај членките имаат право да земат учество и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на интернационални проекти.

Целта на ревидираната Конвенција, информираат од Агенцијата за филм, е да обезбеди правна и финансиска рамка за копродукција на долгометражни филмови, во кои се вклучени продукции основани во три или повеќе држави потписнички.

– Тоа значи дека двојно се намалени условите кои мора да ги исполнуваат продукциите за да се сметаат за копродуценти и тоа: Мултилатералните копродукции сега имаат минимално учество од 5 отсто (претходен процент 10 отсто), додека билатералните копродукции имаат минимално учество 10 отсто (претходен процент 20 отсто), соопштуваат од Агенцијата за филм.

– Задоволен сум што нашата земја добива подобра шанса да биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент. Двојното намалување на условите за учество во филмови што некогаш се многу скапи за нас значи подадена рака во европската кинематаграфија, вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуроимаж ја има надлежноста врз ваквите проекти, но и за истите ќе овозможи споделување на најдобрите практики со цел полесно заокружување на ваков тип на соработки.

Оваа олеснителна околност за македонските продукции официјално стапува на сила на 1 октомври 2020 година./МИА/

Next Post

Преглед на вести во 12 часот: Не е точно дека имаме најголема смртност, МЗ најтранспарентни во регионот, БИРН за вистинските бројки во Србија...

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk