ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шекеринска: Енергетиката е столбот на развојот на економијата

June 23, 2020 15:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетиката е столбот на развојот на економијата и затоа како Влада го поддржавме овој капитален проект за реконструкција на ТС Битола-2, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешната промоција на завршениот проект со кој ТС Битола-2 првпат се приклучува на преносната мрежа по далечната 1982 година.

Според Шекеринска, завршените проекти значат помош за економијата, за инвестициите, за поголем развој и за повисоки плати и затоа нашата Влада од самиот почеток кажа дека сите инвестиции и сите пари ќе ги насочува за да се враќаат во економијата, односно кај граѓаните.

-РЕК Битола е столб на нашето производство, а сега Битола продолжува да се развива и како производствен, но и како преносен џин кој ја поврзува државата со своите соседи, и дава огромна шанса и за локалната економија во создавање на нови работни места во овој крај. Инвестициите се важни за државата, за сите граѓани, затоа што ја стабилизиравме цената на струјата бидејќи 11 години имаше 100 процентно зголемување на цената на електричната енергија, а во последните 3 години токму ние таа цена ја стабилизиравме со што ги штитевме буџетите на фирмите, но и на граѓаните, посочи Шекеринска.

Факт е, рече, дека ја вративме евтината тарифа на струјата за која слушавме критики дека тоа било невозможно и дека ќе го растури системот, но се виде дека оние што критикувале не сакале повеќе пари да останат кај граѓаните, и конечно во овие три години инвестиравме во поголемо и подобро домашно производство.

На промотивниот настан таа потсети дека во последниве две години извезена е електрична енергија во износ од 40 милиони евра, со што директно е помогнато домашното производство.

– Само МЕПСО овие години влезе во инвестициски проект со вложувања од околу 90 милиони евра, со кои се подобрува преносната мрежа, но и фирмите кои зависат од сигурно снабдување со електрична енергија. Вака треба државата да се развива, да се вложува таму каде што денарот или еврото ќе се вратат повеќекратно. Со капитални инвестиции обезбедуваме регионот и посебно Битола да се развива во производен и преносен центар, рече Шекеринска.

Генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева истакна дека ТС Битола-2 после 38 години добива целосно нова, посигурна и современа опрема наспроти досегашните повремени замени на опремата.

-Со процесот на реконструкција на долг рок ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенегетскиот систем, затоа што вградуваме нова и високо доверлива опрема. Оваа трафостаница е почетна точка на интерконективниот далекувод Битола-Елбасан со што се овозможува поврзување со Република Албанија, но исто така оваа трафостаница е почетна точка на уште еден интерконективен далекувод Битола-Лерин, потсети Шуклева.

Бенефитите од овој капитален проект позитивно ќе се одразат на развојот на локалната економија, посочи Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Next Post

ЗНМ објави Прирачник за етичко известување од избори

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk