Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори. Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државава како симбол на вредностите на коишто се стремиме, а сме далеку од нив.
„Ние сме тука да Ви кажеме, кои се проблемите и што треба да се направи за да се решат истите, а одлуката е целосно Ваша! Ние сме тука да понудиме решенија, а не да се расправаме со партиите. Време е ова да престане. Време е граѓаните да ја вратат државата во свои раце. Да бидеме свои на своето. Се организиравме за да се избориме за слобода, спокој и солидарност”, изјави Петар Богојески лидер на политичката платформа Македонски концепт.
Според Богојески ова е последна шанса да покажеме дека не се согласуваме со политичарите на црно белиот свет во кој живееме.