ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Фирмите да ги почитуваат мерките за заштита на вработените што ги налага новата реалност

June 24, 2020 13:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот  Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска извршија увид во градежните активности за обнова на патот Куманово-Страцин во атарот на село Војник. Делницата е долга 16,6 километри, а покрај асфалтирањето предвидено е санација на мостовите и пропустите, ќе има седум паркиралишта, осум автобуски станици, заштитна ограда, ќе биде видно одбележан и осветлен на некои места. Проектот чини 7,2 милиони евра.

Премиерот Спасовски најави дека се води постапка за почнување на уште еден дел од оваа делница од автопатот кон Табановце која ќе се спои со делницата кај Војник.

Според Спасовски, интензивно се гради во источниот и југоисточниот регион што ќе придонесе за развој на земјата од повеќе аспекти.

–  На увид сме во работите на една од главните артерии на европскиот Коридор 8. И во услови на пандемија градиме со ентузијазам, градиме по план, современа инфраструктура за современа држава. Дури и во вонредни околности, во услови на пандемија не запира градежната офанзива и нема воопшто да запре, изјави премиерот, посочувајќи дека фирмите треба да ги почитуваат мерките за заштита на вработените, што ги налага новата реалност.

Спасовски потенцираше дека градежните активности ќе овозможат поврзување на локалните заедници со економските центри.

– Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија, изјави Спасовски.

На овој начин, укажа, поеднакво ќе се развиваат сите населени места, рурални и урбани, што ќе ја развие економијата.

– Денеска оваа Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и регионот и со тоа ја исправа долгогодишната неправда што со години му беше нанесувана на овој град. Куманово е најголема општина во земјата, рече Спасовски.

Тој ги потенцираше реконструкциите на патиштата во регионот во вкупна должина од 112 километри, од кои, како што рече, поголем дел не биле реконструирани повеќе од четири децении, меѓу нив Куманово-Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Свети Николе. По долги години од неговата изградба се реконструираше Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Страцин и Ропаљце – Матејче – Липково.

– Морам да истакнам дека наследивме хаос со неплански и недомаќински планови за градба на патишта, тоа непотребно создаде дополнителни трошоци за санирање на штетите, но тоа не нè обесхрабри, напротив, нè мотивира повеќе да ги финализираме тие проекти, рече  Спасовски, оценувајќи дека во последните три години е направено многу повеќе за инфраструктурата во однос на претходниот период.

Министерот Сугарески, вели дека Владата, ЈП за Државни патишта, Министерството се посветени за реализација на проектите.

– И од надзорот и од изведувачите бевме информирани дека овој проект тече согласно динамиката и дека покрај тоа што рокот е до јануари месец, нашите и нивните очекувања се дека проектот ќе биде завршен претходно-изјави Сугарески.

Министерот рече дека се добиeни средства од ИПА за преостанатите 15 километри, со што се очекува целосниот пат да биде околу 14 милиони евра. За овој регион, додаде Сугарески, важно е што во завршна фаза е патот од Ранковце до Крива Паланка и од Крива Паланка се работи на експресниот пет до Деве Баир.

– Имаме целосно поврзување на Коридорот 8 и сметам дека во наредниот период од неколку месеци, една година ќе има целосно поврзување со бугарската страна-додава министерот.

Важно е што во овој период се направени во кумановско, додава Сугарески. Министерството работи и на проекти од комуналната инфраструктура, во повеќе населени места потенцираше министерот, и најави дека ќе се продолжи со таа динамика, додавајќи дека реализацијата ќе продолжи.

Преку министерството се реализираат 30-тина проекти, сезоната дозволува да се завршат и да се дадат на општините од кои корист ќе имаат граѓаните.

– Имаме сериозен проект за кој што очекувам деновиве да биде распишан првиот тендер, тоа е локалните улици и патишта кои се финансирани, проект кој се работи 10-11 месеци да се стави во функција – изјави Сугарески.

Динамиката за капиталните проекти, како што додаде министерот, е силна и покрај здравствената криза, за неколку дена ќе има пресметка, но се очекува реализацијата на Министерството да биде 25 проценти.

Next Post

„Хендикеп Плус”: Во предизборен спот „Исправи се Македонијо“ лицата со посебни потреби прикажани во понижувачки контекст

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk