ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: На овие избори да ставиме точка на режимот што доведе до тоа ЕК да нè нарече „заробена држава“

June 25, 2020 21:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската нација во моментов нема вистински избор. Единствена надеж и одлучност, да го завршиме тоа што го почнавме, да ја ставиме државата на шини и да ја закачиме за локомотивата што оди напред, е СДСМ под лидерството на Зоран Заев, изјави вечерва носителот на изборната листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров.

– Овие избори мора да стават точка на тоа што го почнавме како јавност во 2015-2016 година, да ставиме точка на последните рецидиви на тој режим што доведе до тоа Европската комисија да нè нарече „заробена држава“, истакна Димитров, вечерва во „Дневникот“ на Сител телевизија.

Ние, рече Димитров, направивме еден неверојатен пресврт, бидејќи кога ја презедовме одговорноста, од Европската комисија имавме оценка на заробена држава.

– Тоа значи дека моќта е во еден човек. Последниот извештај пак на ЕК, вели дека имаме добар напредок, меѓу другото и во владеењето на правото, објасни Димитров во однос на драстичните разлики во оценките на ЕУ во нивните извештаи што државата ги добиваше пред и за време на владеењето на СДСМ.

Во однос на својот противкандидат, Димитров рече дека Сиљановска дава еден вид обланда на нешто што е исклучително труло.

– Да се зборува за правда со сериозен израз без иронична насмевка, а да се биде номиниран од ДПМНЕ е нешто неспоиво. Имаат кандидати што поштарот не може да ги најде дома да им даде покана за суд. Треба човек да води прецизна евиденција за да знае кој со каков кривичен случај и обвинение располага. Тоа е партија која за да бега од одговорност и од правда, имаше обид за државен удар со нападот на Собранието и народните пратеници, на 27 април, изјави Димитров.

Како потписник на Преспанскиот договор, кој е актуелно прашање и на овие избори, Димитров нагласи дека ќе продолжи да објаснува што значи овој договор.

– Тоа е договор  којшто не’ зачлени во НАТО, ни ги отвори вратите за европска иднина, го затвори нашето регистрирање во ОН со нашата лична карта и со зборовите на медијаторот Нимиц: „после Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.“ Преспанскиот договор е успех поддржан од целиот свет, истакна Димитров.

Next Post

Заев: Ние ќе издржиме со маските, но што ќе прават ВМРО-ДПМНЕ со нивните постојани маски на лажен патриотизам

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk