Во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 66, Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6 и во Ресен 12.
Починати се 6 лица, а Институтот за јавно здравје денес регистрира 75 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164, напиша Филипче во пост на Фејсбук.