ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневна состојба со Ковид-19 во светот

Бројот на заразени со коронавирусот низ светот сѐ уште расте, од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани над 9 милиони случаи.

June 26, 2020 18:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.782.854. Од нив починале 493.615, а оздравеле 5.299.275 луѓе.

– Во Албанија и понатаму се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19, каде во изминатото деноноќие потврдени се нови 77 случаи, со што вкупната бројка достигна 2.269 лица. Истовремено, регистрирани се 48 оздравени или вкупно 1.298, а почнале и двајца пациенти, со што бројот на смртни случаи достигна 51. Според Еугена Томини од Институтот за јавно здравје, во Инфективната клиника состојбата станува сериозна. Таму моментно се лекуваат 87 паценти, од нив 15 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани. Од почетокот на пандемијата досега, со последите 402, во земјата направени се 25.563 тестови.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 22 нови случаја на Ковид-19, а бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.343 лица.

– На Кипар во изминатото деноноќие од 1.059 тестови не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19. Бројката на заразени остана иста, 992 лица.

– Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, бројот на заразени од новиот коронавирус во земјата од појавата на епидемијата изнесува 2.432, од кои 69 вчера. Од нив, излекувани се 1.246 лица, вклучително вчерашните 75. Од Клиничкиот и универзитетски центар на Косово информираа дека денеска починале двајца заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви на епидемијата достигна до 42. Официјалната бројка на активни случаи изнесува 1.144. Вчера беа извршени 281 тестирање, а вкупно од појавата на пандемијата се тестирани 22.725 лица за кои постоело сомневање дека се заразени.

– Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 45 новозаразени со коронавирус. Од нив 25 се потврдени во Виена. Од почетокот на епидемијата во земјата 17.522 лица се заразени, од кои 16.348 се излекувани.

– Во Словенија во последното деноноќие се потврдени 11 заразени лица, а нема ниту еден починат. Досега вкупно се заразени 1.558 луѓе, а починале 111. Словенечката Влада пред два дена повторно воведе задолжително носење заштитни маски во затворени јавни простории и во јавниот превоз.

– Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 477, достигнувајќи 192.556 лица. Истовремено бројот на смртни случаи се зголеми за 21, и сега изнесува 8.948.

– Русија потврди нови 6.800 случаи на Ковид-19, што е првпат од крајот на април тој број да биде помал од 7.000. Досега во земјата се заразени 620.794. Во изминатите 24 часа починале уште 176 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.781.

– Здравствените служби во Бугарија регистрираа 166 нови случаи на зараза во изминатите 24 часа, што е за 38 повеќе од вчера. Тоа е најголем дневен пораст на новозаболени од почетокот на пандемијата во Бугарија. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 4.408, вклучувајќи и 384 здравствени работници. Досега 211 пациени починаа од последиците на новиот коронавирус.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се извршени 94 тестирања, од кои десет биле позитивни на новиот коронавирус. Во земјата моментно се активни 100 случаи на Ковид-19.

– Во Хрватска во последните 24 часа се евидентирани нови 56 лица заразени со коронавирус, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 2.539. Меѓу новозаразените, 23 лица се од Загреб. На болничко лекување се наоѓаат 51 лице.

– Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Иран во изминатите 24 часа надмина 100, осми ден по ред. Починаа вкупно 109 лица,со што вкупниот број на смртни случаи достигна 10.239. Во последното деноноќие регистрирани се уште 2.628 заразени лица во земјата, со што вкупниот број изнесува 217.724 луѓе.

– Во Србија се потврдени нови 193 заразени лица, а починало едно лице. На респираторни машини се наоѓаат 26 пациенти.

– Во Јапонија се регистрирани повеќе од 100 случаи на заразени со коронавирус, што е првпат од 9 мај. Тоа е рекорден дневен пораст во бројот на заболени откако во земјата се ублажени рестриктивните мерки. Во Јапонија досега се заразени над 18.000 луѓе, а 968 починале./МИА/ 

Next Post

Аудио снимките се доказ дека Мицкоски е близок со Камчев, јавноста има право да знае за поврзаноста со „Рекет“

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk