ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

ЈП „Национални шуми“: Немаме одобрено сеча на шума кај водопадот во Длабочица, МВР ќе утврди кој и зошто ангажирал градежна машина

June 26, 2020 11:19
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема сеча на шума кај водопадот во Длабочица, МВР ќе утврди кој и зошто ангажирал градежна машина, соопшти денеска ЈП „Национални шуми“.

Претпријатието во демант испратен до медиумите информира дека Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и вработени во ПШС „Куманово” по вчерашна пријава на случајот, извршиле увид на терен при што констатирале дека е работено со градежна машина само на крак кај водопадот и во водотекот.

-Градежната машина со која е работено не е во сопственост на ЈП „Национални шуми“, а кој ја ангажирал и зошто ја ангажирал оваа градежна машина ќе утврдат надлежните институции од МВР, наведува  ЈП „Национални шуми“.

Освен што демантира дека има каква било сеча на овој потег,  ЈП „Национални шуми“ нагласува и дека Подрачното шумско стопанство (ПШС) „Куманово“ се уште нема почнато со активности на терен, ниту врши реконструкција на патишта.

-Љубителите на планината (планинари) деновиве, имаат доставено информации и фотографии до некои локални медиуми тврдејќи дека ЈП„Национални шуми“ работат на терен и се уништува природното богатство. ЈП „Национални шуми“ демантира дека има сеча на шума во близина на водопадот во Длабочица, Старо Нагоричане. ПШС „Куманово”-Куманово информира дека во ШСЕ Козјак,  според Посебниот план за стопанисување со шуми и согласно Програмата за работа за 2020 година е предвидена пребирна сеча и е извршена ознака за сеча во одделот 6а, во високостеблен буков насад кој се наоѓа во близина на водопадот Длабочица на оддалеченост од два километра, пред водопадот. Во  2020 година, ПШС “Куманово”-Куманово информира дека нема почнато со активности на терен во поглед на сеча на дрвна маса или реконструкција на веќе постоечките патишта во тој потег, стои во демантот.

ЈП „Национални шуми“ ги отфрла и остро ги осудува и обвинувањата за наводно нееколошко однесување. Тврди дека работи строго според принципите на одржливо стопанисување со шумите.

-Општокорисните функции како економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја и претставуваат основа на работењето на ЈП Национални шуми, посочува  ЈП „Национални шуми“ во демантот.

Next Post

ССМ: Работодавачите на почетокот на месец јули да исплатат регрес за годишен одмор

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk