ГРАНИЦИТЕ од денеска отворени без обврска за тест и карантин.
СЕ соочуваме со посилен бран на вирусот, од СЗО велат дека ситуацијата може да се стави под контрола.
ПОЧНУВААТ со работа теретани и вежбалници, угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста.
ТРЕТ ден кампања за парламентарните избори 2020.
ЗАЕВ: Ние ќе издржиме со маските, но што ќе прават ВМРО-ДПМНЕ со нивните постојани маски на лажен патриотизам
НАШИОТ јазик е македонски, колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ ја презеде власта државата беше на колена, а не свиткана во кичмата, како што ја преставуваат на срамниот изборен спот, истакна Бојан Маричиќ.
ЗАЕВ: Нам ни се важни граѓаните, Охрид и УНЕСКО, а не Субрата Рој.
ДИМИТРОВ: На овие избори да ставиме точка на режимот што доведе до тоа ЕК да нè нарече „заробена држава“
ТУРИСТИЧКИТЕ водичи повторно ќе алармираат за ситуацијата во која се наоѓаат
ИЗБОРИ за ректор на УКИМ – бојкот на кандидати, оставки во комисијата, претставки од синдикатот.
АНТИКОРУПЦИСКА комисија смета дека нема правни пречки за разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери што денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека се надева дека ќе биде избран со помош на Господ
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Ј. Ѓ.