Четвртиот ден на предизборната кампања заврши, а партиите веќе во неколку градови ги претставија кандидатите и изборните програми со ветувања, за кои велат дека ќе ги остварат доколку ја добијат власта.
Но ДУИ, остана едиствената партија која конкурира на овие избори, бара да биде дел од идната власт но сè уште нема конкретна програма.
На митинзите одржани во првите четри дена од кампањата, граѓаните слушале само една реторика „Прв премиер Албанец”, а ниту од партијата ниту од „мандатарот” Насер Зибери, не слушале што конкретно ќе се работи следните четири години, секако, доколку бидат дел од власта.
А. Зеќири