На социјалните мрежи веќе со месеци се објавуваат фотографии од непочитување на мерки за заштита од Ковид-19, но во последните три дена откако е почната предизборната кампања, постојано циркулираат објави на кои може да се забележи дека на собирите на ВМРО-ДПМНЕ или повеќето симпатизери не носат заштитни маски или не се на пропишиното растојание.
Вчера вечер на социјалните мрежи беа објавени фотографии од мини- митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Битола. Како што може да се забележи, собирите иако се на отворено, не се почитува задолжителното растојание од два метри, а и ретко кој носи заштитна маска, која најчесто на насобраните граѓани им е ставена под брадата.
На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така, на социјалните медиуми му замеруваат што постојано се поздравува со граѓаните, некогаш со ракавици но некогаш и без нив, иако тоj веќе потврди дека неговата мајка е заразена со коронавирусот.
Д.Е.