НАТО и ЕУ се завршена работа и сега од нас зависат работите. Во периодот што претстои ќе работиме дома. Ќе работиме на економијата, на економскиот стандард, на реформи во правосудството и образованието, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Центар.
Во време на решавање на најсериозните прашања, посочи Заев, успеавме да покажеме дека можеме и создадовме праведно општество.
– Сега веќе НАТО и ЕУ се завршена работа. 30 години чекаме членство во НАТО, 15 години за почеток на преговори. Ги завршивме. Решени се проблемите со Бугарија и Грција. Сите пет соседи ни се пријатели, изјави Заев.
Порача дека е направен голем исчекор во изминатиот период и дека е направено многу, но и дека може многу повеќе и подобро.
Центар, нагласи Заев, и денеска кога живее во слобода е најгласен и најголем коректив на власта.