„Наша цел е 34.000 домаќинства да примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца да примаат детски додаток. Градиме нови 777 социјални станови низ целата држава“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција во Штип.
СДСМ и Коалицијата, најавува дека ќе обезбеди нови 7.500 места за деца во градинките, кои ќе бидат инклузивни и енергетски ефикасни, а за сите деца од семејства со ниски приходи градинките ќе бидат бесплатни.