Заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, во својство на партиски член на ДУИ беше затекнат во толпа луѓе на предизборна активност на неговата матична партија, пренесува МакФакс.
Од движењето БЕСА реагираат дека ДУИ се штетни за здравјето на сите граѓани со ваквите постапки.
Корисникот на Фејсбук кој ги објави сликите од Нухиу, на постот пиша „оној кој треба да го одржува редот, не само што не е добар пример, но претставува и опасност за здравјето на граѓаните. Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу со партиските собири претставува ризик со тоа што охрабрува големи собири без потребно растојание и без заштитни маски. Штом одговорно лице не се додржува до мерките и рестрикциите, нормално дека и граѓаните ќе земат од тоа пример и нема сериозно да ја сфаќаат опасноста.
ДУИ веќе важи за штетна за сите граѓани, сега е време да премине во опозиција, да се реформира, да се прочисти од криминал и корупција. Ова ќе биде од корист за државата, за граѓаните и генерално за нашето општество, се вели во статусот на Фејсбук на кој се гледа како Агим Нухиу од ДУИ е дел од партиски собир на кој апсолутно не се почитува ниту една од предложените превентивни мерки.
А. Н. С.