Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.