Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заразни болести го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, се вели во текст на СДК.
Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се организира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски.
Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат, рече министерот.
Филипче рече дека Комисијата донеле еден навистина солиден протокол, стои во текстот на СДК.