Саше Политико го прашува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дали се вистинити објавените аудио снимки во кој Христијан Мицкоски бара пари од бизнисменот Орце Камчев, кој за возврат би добил ослободителна пресуда за случајот „Империја“, на што Мицкоски му враќа со контра прашање, дали Политико зема пари од семејството Заеви, на што Сашо Ивановски одговара со „НЕ“.
Вчера, во својот познат манир, контроверзниот новинар ја опсипа професорката Гордана Сиљановска Давкова со серија прашања, а тука некаде заврши и здодевниот дел од оваа приказна и се претвори во кратко, но набиено улично шоу.
Публиката е веќе добро запознаена дека Саше е one man show, i најчесто самиот ги снима овие свои активистички походи во живо, неретко изложувајќи се и самиот на ризик, не следејќи ги правилата и стандардите.
Саше Политико побара од Давкова да го каже својот став за најновите аудио снимки во кои се слушаат нејзиниот партиски шеф и Орце Камчев како водат скандалозни разговори за подмирување на партиските долгови. Давкова одговори дека не ги слушнала снимките и не е запознаена со случајот, но тоа не само што не беше доволно за новинарот, туку беше повод да започне со серија непријатни прашања и комуникација на висок тон.
Д.Е.